Војската на Израел објави снимка од внатрешноста на тунелот во Газа каде шест заложници беа држени во ужасни услови откако нивните тела беа пронајдени од израелските сили на 1 септември годинава. Заложниците беа убиени непосредно пред да дојде до нив израелската војска.
Телата се пронајдени во подземен тунел во областа Рафа на југот од Појасот Газа.
Сите шест лица беа киднапирани за време на терористичкиот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, соопшти армијата.
ИДФ ги именуваше заложниците како Кармел Гет, Еден Јерушалми, Херш Голдберг-Полин, Александар Лобанов, Алмог Саруси и наредникот Ори Данино.
Портпаролот Даниел Хагари рече дека првичната проценка била дека тие биле „брутално убиени од терористите на Хамас непосредно пред да дојдеме до нив“.
Откако беше потврдена смртта на Голдберг-Полин, американски државјанин, претседателот на САД – Џо Бајден рече дека е „уништен и огорчен“ од веста.
„Тој ја загуби раката помагајќи им на пријателите и на странците за време на дивјачкиот масакр од страна на Хамас. Тој штотуку наполни 23 години. Планирал да патува низ светот. Ги запознав неговите родители, Џон и Рејчел. Тие се храбри, мудри и непоколебливи, иако го издржаа незамисливото“, рече Бајден.
The bodies of Carmel Gat, Eden Yerushalmi, Hersh Goldberg-Polin, Alexander Lobanov, Almog Sarusi, and Master Sergeant Ori Danino were found and recovered yesterday.
They were all taken hostage on October 7 and were murdered by the Hamas terrorist organization while in captivity… pic.twitter.com/9VWYHNX0Ks
— Israel Defense Forces (@IDF) September 1, 2024