(ВИДЕО) Се појави снимка од ликвидацијата на висок руски офицер

by Fokus

На социјалните мрежи се појави видео од атентатот на високиот офицер на Црноморската флота, капетан прва класа, Валериј Транковски, кој загина во експлозија на автомобил во Севастопол.

ФСБ објави дека уапсила две лица осомничени за ова кривично дело, за кое тврдат дека го организирала Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Според информациите од Центарот за односи со јавноста на ФСБ, атентатот се случи пред шест дена.

Експлозивната направа ја направил, поставил и далечински ја активирал жител на Јалта роден 1977 година.

Според тврдењата на ФСБ, компонентите на бомбите му биле доставени преку тајни скривалишта од украински оперативци. При претресот кај осомничениот била пронајдена уште една рачно изработена експлозивна направа со 1,2 килограми експлозив во противвредност на ТНТ.

ФСБ тврди дека терористичкиот напад бил планиран и организиран од началникот на 5-та управа на одделот за контраразузнавање на СБУ, полковник Јуриј Мурилев, под раководство на заменик-шефот на СБУ, генерал-мајор Александар Поклад.

Објавени се и снимки од сослушувања на осомничени. Во еден од нив, еден човек признава дека СБУ го регрутирала летото 2023 година со цел да ликвидира висок воен функционер.

– Ноќта меѓу 12 и 13 ноември 2024 година, ставив експлозив под дното на автомобилот и го активирав – изјавил уапсениот.

Според судската одлука, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од два месеца.

Поврзани новости