169
Објавен трејлерот од документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски, кој се базира на случајот на новинарот Томислав Кежаровски за настаните кои му претходат на неговото брутално приведување, судски процес и затворска казна.
Документарниот филм е хронолошко сведоштво на настаните кои се случуваат додека тој е на издржување на затворската казна вклучително и поддршката од неговите колеги, медиумските работници.
Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно после 5 години од заокружување на голготата наречена „Случајот Ореше – новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски“.
Автор на филмот е Миле Бошњаковски.