(ВИДЕО) СДСМ: Мизрахи и ДПМНЕ се фатени со криење документи за Онкологија, обвинителството да постапи

by Fokus

„Рашела Мизрахи и ДПМНЕ се фатени во голем скандал, како ги лажеле македонските граѓани за Онкологија, како криеле извештаи за политички поенти. Откако јавноста ја дозна вистината и ги виде документите што претседателот на СДСМ Венко Филипче ги презентираше, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорност. Наместо да ги признаат сопствените лаги и да се извинат, повторно гледаме обиди за нови манипулации“ изјави денеска Симона Цветановски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Според неа, „Фактите се јасни: Документите потврдуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле. Шестмесечните извештаи постоеле и биле подготвувани. ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи свесно манипулирале со јавноста тврдејќи спротивно. Вистината не може да се сокрие. Врз маката на пациентите на Онкологија ДПМНЕ терала политиканство, без грам човечност и лажела на големо“.

„Додека Филипче со факти ја расчистува сликата и помага во истрагата за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да ја прикрие сопствената злоупотреба. СДСМ очекува оставка од Мизрахи и бара Обвинителството да покрене истрага зошто овие документи досега биле криени. Мора да има одговорност за овој голем скандал. Истовремено, очекуваме целосната истрага за Онкологија да ја утврди одговорноста и сите инволвирани во скандалот да одговараат.

Поврзани новости