СДСМ, преку Комисијата за образование организиран собир на наставници и просветни работници и ги повикува утре пред Министерството за образование и наука во 11.30 часот да извршат притисок врз власта за покачување на нивните плати.
-Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе побараме да се покачат платите во образованието за 12% и да им се исполнат барањата на наставниците.
Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување.
Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска.
Ги покануваме сите просветни работници, без разлика на нивните политички убедувања, да ни се придружат. Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта за да ги промени погрешните политики, изјави пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.
Таа изјави дека власта целосно го погазила ветувањето за зголемување на платите на наставниците.
-Секојдневно слушаме некакви изговори, а вистината е дека власта на ДПМНЕ не сака да ги зголеми платите за 12% во овој септември. Со СДСМ наставниците секоја година, новата учебна година ја започнуваа со повисока плата, рече Николова.