1K
Муслиманите денеска го одбележуваат празникот Рамазан Бајрам. По едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и пијалоци од изгрејсонце до зајдисонце, утрово во џамиите се служи Бајрам-намаз.
Во џамијата во Куманово што ја посети екипата на „360 Степени“ делумно се почитуваа мерките и не секој верник носеше маска и одржуваше дистанца.
Молитвата траеше само 15 минути, а освен заштита и држење дистанца, препораките беа и секој и секој верник да носи лично сеџаде и да се избегнат поздравите со физички контакт.