2
Покрај тоа што неговиот клуб загуби и беше елиминиран во осминафиналето на Купот на кралот, еден навивач на Ал Наср по лошо ќе го памети дуелот против Ал Тавон поради тоа што остана без телефонот!
На социјалните мрежи се појави интересно видео на кое се гледа како Кристијано Роналдо со удар со топката го исфрли телефонот од раката на навивач – во моментот кога го промаши пеналот.
Се играше 96. минута, Ал Наср губеше со 1:0 на домашен терен, а еден навивач зад голот се обиде да го долови моментот кога Роналдо, барем така мислеше, ќе постигне гол.
Наместо тоа, доби удар со топката во глава и го загуби телефонот.
Ronaldo broke a Kid’s Phone with his missed penalty.
😭😭😭😭😭😭😭😭😭
— Max Stéph (@maxstephh) October 29, 2024