Поротата на Далас го прогласи момчето за испорака на храна Алан Коли (31) за невин за застрелувањето на јутјуберот Танер Кук (21) претходно оваа година.
Немилиот настан е снимен во трговски центар во Стерлинг (Вирџинија), а Коли извадил пиштол и застрелал млад човек кој го следел и му пуштал видеа од телефонот.
Сега е објавено видео од инцидентот, на кое се гледа Кук, кој го води каналот на YouTube „Classified Goons“ како му приоѓа на доставувач на храна и го става телефонот до неговото лице.
Типот се обидува да се извлече, го мрда телефонот со раката, но Кук не си оди. Една секунда подоцна, Коли вади пиштол и испука истрел кој ја погодува жртвата во долниот дел од градите.
За време на судењето, Коли се изјасни за невин, велејќи дека дејствувал во самоодбрана, пренесува News.com.au.
Адвокатот на одбраната Адам Пулиард тврди дека Коли се чувствувал загрозен кога му пришол јутјуберот, висок речиси два метри.
Кук е познат како „шегаџија“, а неговиот канал има армија следбеници.
„Кук се обидува да ги збуни луѓето за да ја објави снимката на Интернет. Воопшто не е загрижен што ги вознемирува и плаши луѓето, продолжува да го прави тоа“, тврдеше бранителот.
Од друга страна, обвинителот Еден Холмс вели дека доказите не покажуваат дека се работи за самоодбрана. Како што додаде, „шегата“ на Кук била бизарна, но не ја загрозувала безбедноста.
По неколкучасовно размислување, поротата го прогласи Коли за невин за ранување, но најверојатно ќе се соочи со обвинение за пукање на јавно место. Имал дозвола за носење оружје.
Delivery driver who shot a YouTube prankster acquitted by jury.#YouTube #YouTuber #Prank #Prankster pic.twitter.com/p5XuMTaedf
— Zenify (@Zenifywtf) September 30, 2023