688
Полицијата од Орегон идентификуваше деветгодишно девојче, чие тело беше пронајдено во шума минатата година, пренесуваат медиумите од САД.
На 10-ти декември минатата година, полицијата го откри телото на девојчето ставено во торба, недалеку од места за одмор и рекреација и потврдено е дека девојчето починало од 30 до 60 дена пред да биде пронајдена.
На основа на ДНК анализа која беше направена на 4-ти октомври оваа година, девојчето е идентификувано како Хејли Меј Кобленц, а мајката и нејзината девојка се уапсени под сомнеж дека го извршиле убиството.