САД и Велика Британија доцна синоќа почнаа тешки напади врз цели поврзани со Хутите во Јемен. Овие напади следат по нападите на Хутите врз товарни бродови во Црвеното море.
Според информациите, американската и британската војска бомбардираат локации што ги користат Хутите низ Јемен и неколку јеменски градови се погодени.
🚨🇺🇸🇬🇧🇾🇪#BREAKING: According to U.S. Defence Officials, strikes on Houthi positions in Yemen have now ended. pic.twitter.com/o6jVt6EEOK
— Censored Men (@CensoredMen) January 12, 2024
Тоа е масовен одмазднички напад против таа милитантна група поддржана од Иран. Ова е првпат САД и Велика Британија да започнат напади против групата откако почна да таргетира меѓународни бродови во Црвеното Море кон крајот на минатата година. Згора на тоа. Се верува дека ова се првите напади што Соединетите Држави ги извршиле против Хутите во Јемен од 2016 година.
Како што соопштуваат официјални лица, нападите биле извршени со авиони, бродови и подморници, а поддршка за операцијата дале Австралија, Канада, Бахреин и Холандија. Цел на нападите биле повеќе од десетина локации.
Американските власти зборуваа за масовен напад со помош на крстосувачки ракети Томахавк и борбени авиони лансирани од воени бродови. Целите вклучуваат логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје, рекоа тие.
Официјален претставник на Хутите поддржани од Иран потврди на Икс, поранешен Твитер, дека нападите биле извршени низ Јемен.
„Американско-ционистичко-британската агресија против Јемен започна неколку напади врз главниот град Сана, провинцијата Худајда, Саада и Дамар“, објави функционерот на Хутите, Абдул Кадер ал-Мортада.