Руските безбедносни служби (ФСБ) запленија 70 килограми експлозив со потекло од Украина, скриени меѓу иконите кои биле транспортирани низ земјите на Европската унија.
Запленувањето е извршено за време на проверка на пратката со икони и верски предмети во северозападниот регион Псков, на границата меѓу Русија и Латвија, соопшти ФСБ.
Се наведува дека е запрена „прекуграничната трговија со експлозиви кои доаѓаат од Украина преку земјите на ЕУ“.
Според ФСБ, експлозивите биле транспортирани во Русија од Украина преку Романија, Унгарија, Словачка, Полска, Литванија и Латвија.
Запленети се вкупно 70 килограми рачно изработен експлозив, како и импровизирани направи „скриени во икони и подготвени за употреба“.
Уапсено е лице осомничено за нелегална трговија, се додава во соопштението.