ВИДЕО Рускиот проектил разнесе неколку катови од солитер

by Fokus

Снимка од станбената зграда во близина на аеродромот во Киев која беше погодена од проектил или ракета рано утрово, покажува голем удар на горните катови на солитерот, објавија светските медиуми.

Ракетата за среќа не предизвикала жртви, изјави советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Надворешните ѕидови на неколку катови се целосно разнесени, внатрешноста е поцрнета, а шут виси од голема височина.

Украинските власти објавија снимка на која, меѓу другото, се гледа моментот на ударот на проектилот.

Антон Херашченко нагласи дека Русија не зборува вистина дека не ја гранатира цивилната инфраструктура. Според советникот, најмалку 40 такви локации биле погодени, и дека руските трупи гранатирале цивилни локации.

Поврзани новости