ВИДЕО Рускиот патријарх Кирил падна за време на осветувањето на црквата во Новоросиск

by Fokus

Московскиот патријарх и водач на Руската православна црква Кирил падна за време на церемонијата на осветување на црквата во градот Новоросиск во јужниот руски регион Краснодар на брегот на Црното Море.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа патријархот Кирил како се лизга по мермерниот под и паѓа. Придружбата и обезбедувањето не реагираа доволно брзо за да му помогнат на својот верски водач.

Весникот Московски Комсомолец објави дека патријархот го повредил грбот на работ на мермерот.

Поврзани новости