Украинската воена разузнавачка служба (ГУР/ХУР) спроведува постојана кампања на саботажа длабоко во територијата на Русија, пишува Киев пост.
Главната управа за разузнавање на украинската армија (ГУР/ХУР) во саботата на социјалните мрежи објави видео од експлозијата на вагон.
💥 Russia: Ukraine's GUR military intelligence blew up a military freight train in Voskresensk, Moscow region. pic.twitter.com/S7inOpP3N3
— Igor Sushko (@igorsushko) December 28, 2024
– На 27 декември 2024 година, во еден часот по полноќ, на железничката станица на населбата Воскресенск во Московската област се случи експлозија, во која вагоните на возот што ги користеше државата агресор за потребите на руската окупаторска армија се уништени – се вели во објавата на Фејсбук. Од ХУР додаваат дека веќе е утврдена висината на штетата.
– Судејќи според жестината на руската пропаганда, која, обидувајќи се да ги сокрие последиците од експлозијата, лаже за наводно отсуство на каков било пожар на територијата на железничкото складиште Воскресенск, стравот на лидерот на Кремљ од внатрешно противење на режимот на Путин и губењето на контролата во земјата сериозно расте – пишува во соопштението на ХУР, а пренесува Киев пост.
Автентичноста на видеото, сепак, не може целосно да се потврди, ниту кога навистина настанало, и покрај тврдењата на HUR.