712
Си-Ен-Ен објави вознемирувачко видео на кое Руси наводно убиваат цивили во украинската престолнина Киев.
Станува збор за двајца луѓе, сопственик на продавница и чувар.
Видеото наводно е направено на 16 март во Киев.
Руските војници пукаат во бравите и го кршат стаклото од салонот.
Сопственикот на салонот им приоѓа со кренати раце.
Руските војници потоа застануваат и го претресуваат, по што доаѓа уште еден цивил, Леонид Олексијевиќ Пљац (68), кој работел како чувар во салонот.
Си-Ен-Ен објави дека ја проверил автентичноста на видеото. Тие се обратиле до Министерството за одбрана на Русија, но засега не добиле одговор.
Јулија, ќерката на убиениот 68 годишен човек, рекла дека ќе ја чува снимката за да видат идните генерации какви џелати биле Русите.