(ВИДЕО) Руски политичар пред два месеци: Чекајте го 22-ри февруари

by fokus

Откако вчера Русија ги призна двете таканаречени републики во Украина, денеска на социјалните мрежи стана актуелна изјава на  Владимир Жириновски, лидерот на руската Либерално-демократска партија.

Во својот говор на 27 декември, Жириновски му се обрати на Западот и истакна дека треба да ги прифати барањата и условите на Москва. Во спротивно, „ќе дознаете за нашиот распоред на 22 февруари во 4 часот наутро“, рече рускиот политичар.

-Јас би сакал 2022 година да биде мирна. Ама јас ја сакам вистината. Вистината ја говорам 75 години. Ова нема да биде мирна година. Ќе биде година во која Русија повторно ќе стане голема сила. Сите ќе мора да замолчат и да ја почитуваат нашата држава, рече тогаш Жириновски.

 

Поврзани новости