(Видео) Руски дрон ја погоди куполата во Чернобил, Зеленски објави видео

by Fokus

Руски дрон удрил во купола која била поставена над уништениот реактор на нуклеарната централа Чернобил.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руско беспилотно летало натоварено со експлозиви ја погодило безбедносната купола што ги штити остатоците од четвртиот реактор на поранешната нуклеарна централа Чернобил.

„Руски напад на беспилотно летало со боева глава со силна експлозивна моќ удри во засолниште што го штити светот од радијација во уништената четврта единица на електраната“, напиша Зеленски на X.


Оваа купола е изградена пред речиси четири децении преку меѓународна соработка за да ги задржи остатоците од катастрофата во Чернобил во 1986 година. Куполата е дизајнирана да спречи истекување на радијација и да ја заштити локацијата од опасности од околината.

Според украинските власти, нападот предизвикал оштетување на куполата.

Поврзани новости