Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во руски ракетен напад врз градот Краматорск во источна Украина, соопштија украинските власти.
Ресторан и шопинг зона во центарот на градот беа оштетени по денешниот напад, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Во центарот на градот е во тек спасувачка операција, а безбедносните служби им помагаат на итните служби на местото на настанот и ги евакуираат жртвите, пишува Би-Би-Си.
Russian forces stuck a popular shopping center beside Hotel Kramatorsk in the city’s center. It housed RIA Pizza, where every correspondent covering the war has probably dined, and businesses including Adidas, Reebok and more. Local authorities say casualties but number unclear. pic.twitter.com/JFT9ymiFwW
— Christopher Miller (@ChristopherJM) June 27, 2023
Локалните власти велат дека имало голема концентрација на цивили во областа кога проектилите ги погодиле овие објекти.
Според извештаите, меѓу повредените во нападот има и едно дете.
Руските сили, исто така, гаѓаа блиско село, објави градскиот совет на Краматорск.
Нападот доаѓа откако претседателот Володимир Зеленски изјави дека украинската контраофанзива напредува на сите фронтови.
Краматорск е под украинска контрола, но блиску до деловите на источниот регион Доњецк окупирани од Русија.
Краматорск беше постојано гранатиран од руските сили од почетокот на инвазијата минатиот февруари – вклучително и во април 2022 година, кога повеќе од 50 луѓе беа убиени во ракетен напад на железничката станица во градот.