На социјалните мрежи е објавена страшна видео снимка од експлозијата на разорната бомба, наводно, фрлена од руските сили на Вовчанск.
Видеото, меѓу другите го сподели Антон Герашченко, кој до минатата година беше советник во Министерството за надворешни работи на Украина.
Наводно, станува збор за експлозијата на „Таткото на сите бомби“. Се работи за „ODAB-9000“, најмоќното ненуклеарно оружје во светот со експлозивна моќ еднаква на 44.000 килограми ТНТ.
Вовчанск е град во областа Харков, околу кој се водат жестоки битки. Се верува дека „ODAB-9000“ е најмоќната руска термобарична бомба, дизајнирана да создаде масивен ударен бран кој може да предизвика големи разурнувања на широк простор, пренесува „Киев пост“.
„ОДАБ-9000“ се смета главно за експериментално оружје бидејќи бил тестиран само еднаш во 2007 година и не е потврден како дел од стандардниот руски арсенал.
Досега „ФАБ-3000“, таканаречената лизгачка бомба, тешка три тони, беше најмоќното руско оружје што се користеше за уништување на поставени цели.
ОДАБ-9000“ се смета главно за експериментално оружје бидејќи бил тестиран само еднаш во 2007 година и не е потврден како дел од стандардниот руски арсенал.
Досега „ФАБ-3000“, таканаречената лизгачка бомба, тешка три тони, беше најмоќното руско оружје што се користеше за уништување на поставени цели.
И бомбите ОДАБ-1500 и ФАБ-3000 обично се фрлаат од ловците-бомбардери Су-34. Шпекулациите и дискусиите за тоа што всушност експлодирало во Вовчанск продолжуваат бидејќи се уште нема официјални информации.
Russian “Z-bloggers” share this video of a bomb strike on (reportedly) Vovchansk, Kharkiv region.
Some of them say this is an FOAB-9000 (Father Of All Bombs), the most powerful non-nuclear ammunition in the world.
According to other reports, this is a thermobaric FOAB-1500.… pic.twitter.com/3PctLKfWgO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 2, 2024