(Видео) Русите со бомби бараат да се предаде градот, Украинците ги избркаа со пцовки

by fokus

Напнати сцени меѓу руски војници и Украинци се снимени во градот Конотоп којшто се наоѓа на североистокот на Украина, во регионот Сума, недалеку од Русија.

Имено, во градот на „преговори“ доаѓа делегација на руски војници. На снимката која се појавила на социјалните мрежи вчера, а чија автентичност ја потврди New York Times, се гледаат руски војници кои држејќи рачни бомби ги напуштаат „преговорите“ иако претходно барале градот да се предаде или ќе биде срамнет со земја, но NYT, наведува дека не е јасно кога се случило она што е снимено.

Снимката прикажува како руските војници ги прати бесна толпа на Украинци кои викаа „слава на Украина“ и ги пцујат војниците да го напуштат градот.

Русите седнуваат во воено возило и заминуваат од градот. Се појави и друга снимка на којашто се гледа градоначалникот на Конотоп, Артем Семеникин на улицата пред зградата на градскиот совет како им се обраќа на граѓаните и им кажува дека руските војници му рекле дека со артилерија ќе го срамни градот со земја ако не се предаде.

Тој ги прашува граѓаните дали сакаат да се борат или да се предадат, а насобраните се одлучни да се борат до крај.

Сепак, функционер од украинската војска објави дека е постигнат еден вид договор, според којшто во Конотоп нема смена на власта.

-Русите се заинтересирани за закон и ред. Нема да има воени манвери. Украинското знаме останува на свое место. На сила е договорот за прекин на огнот и нема да има меѓусебни провокации. Русите ќе останат на своите позиции и нема да им сметаат на возилата од јавниот превоз, итната помош и оние кои носат храна и хуманитарна помош, порача Дмитрио Живицки, предводник на воена администрација на регионот Сума.

-За да се осигура безбедноста на градот, нашите волонтер ќе изградат контролни точки во Конотоп, додал тој.

Поврзани новости