(ВИДЕО) Русите синоќа ја нападнаа Одеса, ранети се најмалку три лица!

by Fokus

Најмалку три лица се ранети во нападот во текот на ноќта врз украинскиот пристанишен град Одеса, соопшти гувернерот на црноморската област на Украина, Олех Кипер.

„Како резултат на непријателскиот напад врз Одеса, избувнаа неколку пожари, предизвикани од паѓање на ракетни делови. Прозорците на зградите се скршени од силината на експлозијата“ – напиша Кипер на својот профил на Телеграм.

Командата на украинските вооружени сили на југ соопшти дека се оштетени студентски дом и супермаркет поради случајно паѓање на делови од проектили низ градот, а на една локација во градот избувнал пожар.

Одеса, најголемото пристаниште и поморска база во Украина, постојано беше цел на напади и гранатирање со руски беспилотни летала откако Русија се откажа од Црноморскиот договор за извоз на жито.

Поврзани новости