Руските сили наполнија тенк со експлозив во околината на Маринка во областа Доњецк во југоисточна Украина и го насочија кон украинските позиции. Претпоставката е дека се работи за тенк Т-54 или Т-55 стар 70 години. Сепак, тенкот не стигна многу далеку бидејќи изгледа дека погодил мина, а потоа бил погоден од украински противтенковски проектил, по што тенкот исчезнал во облак од чад и остатоци.
Форбс пишува дека овој тип на напад со импровизирана експлозивна направа на возило укажува на растечкиот очај на руските сили, откако лани во февруари Русија почна инвазија на соседна Украина. Во борбите беа ранети или убиени десетици илјади руски војници.
Зимската офанзива на Кремљ пропадна. Руските сили ги освоија урнатините на градот Бахмут по цена на илјадници животи.
Форбс пишува дека победата ги потрошила луѓето и опремата што Москва требаше да ги посвети на консолидирање на своите одбранбени линии во јужна и источна Украина пред долгоочекуваната украинска контраофанзива.
Украинската контраофанзива почна на почетокот на месецот кога неколку украински бригади, некои од нив вооружени со западни тенкови и борбени возила, нападнаа во повеќе правци во Запорожје и Доњецк, но и на крилата на Бахмут. Украинците полека напредуваат во неколку сектори, постојано бришејќи ги скромните зимски придобивки на Русите.
На Русите им снемало модерно оружје долго пред сегашната контраофанзива. Со засилувањето на борбите, овие залихи се трошат уште побрзо, па Русите се принудени да се насочат кон долго складирани тенкови и борбени возила и се побизарни модификации на постоечките возила.
#Ukraine The Russian Army sent a T-54/55 VBIED filled with 6 tonnes of TNT at AFU lines near Marinka, Donetsk Oblast.
The attempt failed as the remotely-controlled bomb ran into a mine 100m from the front line, and was then hit by a Ukrainian RPG shot, causing a huge explosion. pic.twitter.com/sXXI57wV7v
— Cᴀʟɪʙʀᴇ Oʙsᴄᴜʀᴀ (@CalibreObscura) June 18, 2023