Најмалку пет лица загинаа, а 37 се повредени кога руски проектил го погоди Чернихив во северна Украина, соопшти МВР.
Меѓу ранетите има и единаесет деца. Главниот плоштад, зградата на универзитетот и театарот наводно биле оштетени, јавува Би-Би-Си.
Претседателот Володимир Зеленски објави кратко видео на кое се гледаат тешко оштетени паркирани автомобили.
„Ова значи живеење покрај терористичка држава. Тоа е она против што го обединуваме целиот свет. Денеска руска ракета го погоди срцето на Чернихив. Плоштад, универзитет и театар. Русија ја претвори обичната сабота во ден на болка и загуба. Има жртви. Моето сочувство до сите што изгубија близок. Сите услуги работат , спасувачи, полиција, лекари.
Го повикувам светот да се спротивстави на рускиот терор. Обезбедете ѝ на Украина дополнителни алатки за заштита на животот. За да победи животот, Русија мора да ја изгуби оваа војна“, напиша Зеленски.
Чернихив се наоѓа во близина на границата со Белорусија. Русија го окупирала на почетокот на инвазијата, но потоа повторно била окупирана од украинските трупи.
Фото: Ројтерс
This is what it means to live next to a terrorist state. This is what we are uniting the entire world against.
Today, a Russian missile hit the heart of Chernihiv. A square, a university, and a theater. Russia turned an ordinary Saturday into a day of pain and loss. There are… pic.twitter.com/AMgXCVfR7h
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 19, 2023