Гувернерот на руската област Самара изјави дека украински беспилотни летала погодиле две нафтени рафинерии во сопственост на Роснефт во регионот, при што немало жртви, но во една од постројките избил пожар.
Во соопштението објавено на комуникациската платформа Телеграм, гувернерот Дмитриј Азаров рече дека рафинеријата во градот Сизрање е запалена, но дека нападот на рафинеријата во градот Новокујбишевск е спречен.
Тој рече дека работниците во двете централи се евакуирани и дека нема жртви. На снимките објавени на интернет, чија автентичност не е потврдена, се гледа голем пожар во рафинеријата во Сизрање и работници на итната помош.
Good morning Syzran‼️Rhe place is charming, especially the refinery district🔥
The Syzran Refinery is part of Rosneft oil refineries. pic.twitter.com/YNntS0FxuK
— PS01 (@PStyle0ne1) March 16, 2024