Русија повторно изврши тактичко распоредување на нуклеарно оружје и гаѓање долж границата со Украина, што вклучуваше пренос на лажни нуклеарни боеви глави во магацини и аеродроми, каде што беа натоварени во бомбардери, соопшти специјалната нуклеарна единица на руската војска.
Руското Министерство за одбрана истакна дека лансирањето било симулирано, но дека се друго било извршено од војниците за да изгледа како вистински напад.
Снимката што ја објавија покажа дека екипажот на морнарицата притиска „нуклеарно копче“ од воен брод за кој се верува дека е во Балтичкото Море за да погоди цел оддалечен околу 350 километри, додека бомбардери со нуклеарно оружје Ту-22М3 беа снимени како полетуваат од непозната писта.
caseStudy: RUSSIA
The Russia-Ukraine conflict represents a significant flashpoint in Eastern Europe, with far-reaching implications for global security and international relations. Our analysis covers the historical context, major military engagements, and the geopolitical… pic.twitter.com/bBL4QcABRo— Wrld Watchr (@wrldwatchr) June 2, 2024
Во меѓувреме, копнена мобилна екипа во воениот округ Ленинград во северозападна Русија беше прикажана како натоварува мобилни балистички ракети со краток дострел за кои се сомневаше дека се способни да носат нуклеарно оружје, иако боевите глави беа заматени на снимката.
caseStudy: RUSSIA
The Russia-Ukraine conflict represents a significant flashpoint in Eastern Europe, with far-reaching implications for global security and international relations. Our analysis covers the historical context, major military engagements, and the geopolitical… pic.twitter.com/bBL4QcABRo— Wrld Watchr (@wrldwatchr) June 2, 2024
Вознемирувачката снимка доаѓа кога САД најавуваат продолжување на режимот на санкции против Кремљ, што го натера заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, да рече дека Москва треба да им нанесе „максимална штета на САД и нивните сојузници“.
„Њузвик“ пишува дека во средата ненадејно било променето сценариото за заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија, а Москва и нејзиниот сојузник почнале со вежби за своите војници во тактичко нуклеарно оружје веднаш до границата на НАТО.
Владимир Путин ги нареди овие воени вежби во мај како одговор на, како што рекоа, провокативните изјави и заканите од Западот.
Русија предупреди дека активностите на Западот може да ја принудат да ја промени својата нуклеарна доктрина, која ги одредува условите под кои може да користи такво оружје.