Синоќа од страна на НБА лигата е издадено соопштение дека лигата се суспендира бидејќи играчот Руди Гоберт од Јута е позитивен на коронавирус.
Резултатите на Гоберт пристигнале непосредно пред натпреварот со Оклахома, кој потоа беше одложен.
НБА ќе ја искористи паузата која не е познато колку ќе трае за да ги превземе следните чекори во согласност со пандемијата на коронавирусот – наведено е во соопштението.
Французинот Гоберт кој важи за најдобар одбранбен играч во НБА лигата, го навлече гневот на јавноста во понеделникот, кога зе време на прес конференција во седиштето на Јута, пред новинарите ги исмејуваше мерките на претпазливост поради опасниот вирус. На крајот на пресот, тој стана и започна да ги трие микрофоните и дикатафоните, по што потсмевајќи се истрча надвор.
На сите спортисти кои изминативе две недели биле во контакт со него им е наредена самоизолација.