(ВИДЕО) Роналдо со нов гол го предводеше Ал Наср до нова победа

by Fokus

Фудбалерите на Ал Наср со 2:0 го совладаа тимот на Ал Вехда на гостински терен, во 22. коло од саудиската Премиер лига.

Гостите беа големи фаворити, што го оправдаа на теренот, уште од самиот почеток.

Имаа неколку добри шанси во првите 45 минути, но не можеа да поведат.

Сепак, тоа го поправи никој друг туку Кристијано Роналдо во 48. минута.

Анџело направи добар центаршут, а Роналдо следеше се, налета и со глава ја испрати топката во мрежата и ги доведе гостите во водство.

Тоа беше негов 17-ти гол оваа сезона, а 925-ти во кариерата.

Конечните 2:0 ги постави Садио Мане, во десеттата минута од судиското надополнување.

Ал Наср сега е на третото место со 47 бодови, додека Ал Вехда е на последното, 18. место со 13 бодови.

Поврзани новости