101
Голем индицент се случи вчера на натпреварот од детската фудбалска лига, кога за време на мечот родители влегоа на теренот и почнаа да се тепаат.
Немилиот настан се случи на мечот помеѓу тимовите на Сарај и Фит Кит, од генерација фудбалери родени 2012 година што се играше на стадионот во Ново Лисиче. Не се познати причините за инцидентот, а Фудбалската федерација на Македонија изрази длабока разочараност. Она што требаше да биде настан на кој се слави спортскиот дух, тимската работа и радоста на играта беше нарушено со неприфатливото однесување на дел од присутните родители, велат од федерацијата, која одлучи понатамошните натпревари од детската лига да се одиграат без присуство на публика.