1.5K
Двочасовен концерт одржа македонскиот бенд Архангел со македонска Филхармонија вечерва во Градскиот парк во Скопје.
Луѓе од сите генерации уживаа во песните на легендарната група, која уште еднаш покажа дека има што уште да каже. Градскиот парк вечерва дишеше во знак на рок музиката, но и присетување на минатите концерти, кои година дена беа,,заробени”.
Овој концерт беше убаво ,,будење” за граѓаните, ако се знае дека до пред извесно време се живееше со низа рестрикции и ограничување во движењето.
Јорданчо Цветаноски