90
Најмалку четири лица загинаа, а 120 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Кашмар во североисточниот дел на Иран, јавија државните медиуми.
Земјотресот се случил во 13 часот и 24 минути по локално време (09:54 по Гринич), објави локалниот гувернер во интервју за иранската државна телевизија, пренесува порталот Alarabia News.
#BREAKING: Magnitude 4.9 quake kills four, injures 120 in northeastern Iran: state media#earthquake #Iran #Quake pic.twitter.com/KxbealCI24
— JUST IN | World (@justinbroadcast) June 18, 2024
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.