761
Расфрлано ѓубре на сите страни и неисчистени корпи. Вака денеска изгледа Кејот 13 ноември во строгиот центар на градот.
Ова видео цел ден кружи по социјалните мрежи, покажувајќи во каква депонија е претворен кејот на Скопје.
Пред само една година започна реконструкцијата на овој дел, кој опфати партерно уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни.
Со пеконструкцијата на кејот беше изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи и корпи за џебен отпад.
И.М.