(Видео) Рама се шегува пред Шолц: Ковачевски, премиер на западна Бугарија

by fokus

Албанскиот премиер, Еди Рама, на шега му го претставува македонскиот премиер Димитар Ковачевски на германскиот канцелар, Олаф Шолц, како премиер на западна Бугарија, надоврзувајќи се на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој претходно му го претстави Ковачевски на Шолц како премиер на Западна Бугарија.

Оваа шега беше кажана во Солун вчера каде се одржа самит на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) на кој присуствуваа лидерите од регионот, но и германскиот канцелар и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

По состанокот беше организирана вечера од страна на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис. Тој прво му го претстави Ковачевски на Шолц, па Рама почна да се шегува.

На снимката се гледа како сите се смеат, па и премиерот Ковачевски.

Поврзани новости