764
Премиерот на Албанија, Еди Рама вчера ја прими третата доза вакцина против корона вирус, и упати апел до сите вработени во државната администрација да се вакцинираат бидејќи „ќе дојде денот кога нема да одат на работа“.
„Им порачувам на сите граѓани да се вакцинираат зашто може да дојде време да не може да влегуваат во маркети и продавници, на сите што имаат дуќани може да дојде време кога ќе им се затвори продавницата. Не разбирамм зошто некој не сака да се вакцинира. Па целиот свет е загрижен поради новата варијанта. Верувајте на наука, а не на онјалн заблуди“, рече Рама.