Рускиот претседател Владимир Путин денеска за малку ќе предизвикаше несреќа додека ја тестираше „лада аура“ на отворањето на новата делница од автопатот М-11 во регионот Твер.
Тој додека го управувал автомобилот направил грешка при возење.
На видеото се гледа како Путин вози нов модел на автомобил, но за малку ќе излетал на патот.
Камерата го снимила рускиот претседател како вози црна „лада аура“ на автопатот М-11 што ги поврзува Москва и Санкт Петербург, двата најголеми градови во Русија, свртел десно за да го заобиколи белиот шатор на патот, но не го дал својот десен трепкач и сигнализирал дека се враќа назад во лентата, поради што автомобилот со неговото обезбедување, кој се движел зад него, за малку ќе удрел во задниот дел од лимузината на претседателот.