(Видео) Путин во Казахстан доживеа нешто што никогаш не се случило досега: руската делегација во шок

by Fokus

Вчерашната посета на рускиот претседателот Владимир Путин на Казахстан, беше одбележана со несекојдневна ситуација, кога казахстанскиот претседател Касим Јомарт Токаев наместо на руски јазик говорот го започна на казахстански јазик. Тоа никогаш не било направено претходно.

Руската делегација прилично збунета и неподготвена, кога започнал говорот почнале да бараат уреди за превод.

Не е познато дали говорот на Токаев на казахстански јазик во оваа прилика е во согласност со напорите на Астана за промовирање на употребата на казахстанскиот јазик наместо рускиот, кои траат подолго време.

Имено, како што напиша „Гардијан“ пред нешто повеќе од еден месец, Казахстан подготвува предлог закон за медиуми со цел да ја зголеми употребата на казахстанскиот јазик во однос на рускиот. Казахстан претходно најави напори за промовирање на употребата на казахстанскиот јазик наместо рускиот во своите медиуми, во услови на зголемен скептицизам за влијанието на Москва во земјата од почетокот на руската инвазија на Украина.

Казахстанскиот јазик е официјален јазик на оваа поранешна советска република во Централна Азија, но рускиот е исто така признат и широко се зборува меѓу населението од околу 20 милиони луѓе.

Предлог-законот за медиуми предвидува зголемување на уделот на државниот јазик на телевизија и радио од 50 на 70 отсто – изјави претходно локалната министерка за култура Аида Балајева.

Парламентот, кој се смета за лојален на претседателот Токаев, најверојатно ќе го одобри законот.

Поврзани новости