Рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа дојде на велигденската богослужба во катедралата Христос Спасителот. Свечената литургија во чест на празникот ја служеше патријархот Московски и на цела Русија – Кирил.
Путин се појави во црквата околу полноќ, јавуваат руските медиуми.
Тој бил облечен во свечен костум, а во рацете држеше запалена црковна свеќа.
Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин беше веднаш до Путин на богослужбата во главната катедрала во земјата.
Шефот на државата традиционално присуствува на богослужбите за време на големите црковни празници. Путин обично го слави Божиќ во црквите надвор од московскиот регион, но на Велигден претседателот, по правило, доаѓа во црква во катедралата Христос Спасителот.
Vladimir Putin na Vaskšnjoj liturgiji pic.twitter.com/7Ipt2uCpRp
— Pluton (@Pluton45873221) April 16, 2023
Шефот на државата еднаш ја пропуштил Велигденската богослужба – во 2020 година, поради пандемијата на коронавирусот.
Како што истакна Путин, Велигден ги обединува православните христијани, сите граѓани на Русија кои го слават Христовото Воскресение, околу високите морални идеали и вредности, а кај луѓето ги буди најсветлите чувства, вербата во триумфот на животот, добрината и правдата.
Vladimir Putin came to the Easter service at the Cathedral of Christ the Savior in Moscow.
Happy Holidays, Christians!
Christ is Risen! pic.twitter.com/jUhFIHUJbe— Spriter (@Spriter99880) April 15, 2023
Велигден е најголемиот празник на целиот христијански свет, кој го означува воскресението на распнатиот Исус Христос од мртвите, клучен настан во историјата на христијанството.