Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Чеченија, а на аеродромот во Грозни го пречека претседателот на таа руска република Рамзан Кадиров.
„Во рамките на посетата е предвидена богата програма“, рече Кадиров на каналот Телеграм.
Претходно денеска Путин посети уште два региони на Северен Кавказ – Кабардино-Балкарија и Северна Осетија.
🇷🇺 Russian President Putin arrives in Chechnya to meet with the Head of the Chechen Republic, Ramzan Kadyrov.
— VAS 🇬🇷 (@VTount) August 20, 2024
Путин ја посети Чеченија за време на неговиот втор претседателски мандат – во 2005 година, а потоа зборуваше на првиот состанок на парламентот на републиката.
Рускиот претседател последен пат ја посети Чеченија во 2011 година како премиер, кога претседаваше со состанокот на владината комисија за развој на Северен Кавказ во Гудермес.