Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави толпата во редок јавен настап. Тој одлетал во градот Дербент, на Каспиското Море, на 2.000 километри од Москва, за да го прослави исламскиот празник Курбан Бајрам и да ја посети античката цитадела и историската џамија.
„Куранот е свет за муслиманите и треба да биде свет за другите“, истакна Путин, кој доби копија од Куранот како подарок.
Тој потоа рече дека „непочитувањето на религиите во Русија е кривично дело, за разлика од некои земји“, мислејќи на тоа дека Шведска дозволува палење на светиот текст.
На друго видео кое го објавија државните медиуми, се гледа како Путин шета со самодоверба и огромна насмевка на градскиот плоштад, во обид да демонстрира јавна поддршка и популарност, пишува британски Мирор.
Антон Герашченко, советник на министрите за внатрешни работи на Украина, сподели на Твитер видео од Путин во Дагестан и напиша: „Користење на сите видови методи за очајно потребно зајакнување на угледот?“.
Тоа беше особено извонредна глетка, пишува Мирор, бидејќи Путин има репутација дека држи голема дистанца меѓу себе и повеќето луѓе што ги среќава.
Еден висок функционер за безбедност еднаш го опиша за Гардијан како „патолошки исплашен за својот живот“ и откри дека барал од неговиот персонал да помине двонеделен карантин за време на пандемијата, пренесува Мирор.
Pro-Kremlin “correspondents” published a video of Putin (“Putin”?) communicating with the public in Dagestan republic.
Using all kinds of methods for a desperately needed reputation boost? pic.twitter.com/xtp7jjtQCK
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 28, 2023
На едно видео се гледа како мало девојче позира со него додека тој ја бакнува нејзината глава.
Некои велат дека посетата е веројатно дел од неговите напори за повторно воспоставување на власта по неуспешниот пуч против неговата армија викендов, пишува Мирор.
Путин ги осуди организаторите на бунтот и рече дека тоа е најголемата закана за неговата моќ, како предавници кои играат во рацете на украинската влада и нејзините сојузници.