Рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ се сретна со шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров, јави ТВ Звезда, официјалниот канал на руското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, Путин и Кадиров оцениле дека динамиката на регионот во економска смисла е позитивна.
„Генерално кажано, динамиката е позитивна. Ова главно се должи на вас, вашиот тим и добрата интеракција со Владата на Руската Федерација“, рече Путин.
Чеченскиот лидер ја коментираше состојбата на воениот персонал на републиката во воената зона. Според него, тие имаат се што е потребно за водење на воените дејствија, вклучувајќи опрема и комуникации.
До денес, Чеченија има набавено повеќе од 1.000 возила, од кои 100 се оклопни, пишува ТВ Звезда.
Kadyrov meeting Putin. Notice Kadyrov’s shaky hands at 0:11.
I don’t think the guy is anywhere near death. But he is definitely not having it easy. pic.twitter.com/gbV6UUqQvK
— Dmitri (@wartranslated) September 28, 2023
„Ние сме единствениот регион кој создаде пет полкови и три баталјони“, рече Кадиров.
На претходната средба, претседателот го пофали придонесот на чеченскиот лидер за развојот на регионот и неговото духовно заживување.
Да потсетиме, неодамна имаше многу спротивставени информации за здравствената состојба на Кадиров.
Имаше гласини дека Кадиров наводно починал, и дека претходно бил лекуван во болница во Москва по неуспешната трансплантација на бубрег.