(ВИДЕО) Путин го пречека Емир Кустурица во Кремљ

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ го пречека познатиот српски режисер – Емир Кустурица.

Путин за време на средбата изјавил дека Западот ја обвинува Русија за крајот на колонијализмот во светот, но дека овој процес бил неизбежен.

– Овие историски фобии сè уште се присутни, некои сè уште ја обвинуваат Русија, бидејќи некој некогаш ја изгубил колонијалната моќ. Тие не престануваат да бидат, условно кажано, навредени што им помогнавме на народите од Африка, Латинска Америка и Азија да се кренат, да се борат за слобода, сметајќи дека Русија е виновна за падот на колонијализмот. Но, тоа воопшто не е така – нагласил Путин.

Според него, активностите на Советскиот Сојуз го забрзале процесот, но тоа било неизбежно.

Режисерот му кажал на шефот на руската држава за неговите планови и рекол дека неговата кариера наскоро ќе заврши. Путин истакнал дека е рано да се зборува за крај на кариерата на српскиот режисер, актер, сценарист.

– Во врска со крајот на вашата кариера, ми се чини дека е рано да зборувате за тоа. Рано, направи толку многу. Ми се чини дека ќе направите барем толку – рекол Путин.

 

 

Поврзани новости