412
Во Суботица денеска неколку часа се слуша рафали од огнено оружје, а вознемирени граѓани пишуваат дека пукањето се случило во шума. Се сомневаат дека се работи за пресметка меѓу мигранти. Повредени се две лица кои не се државјани на Србија, објавија српските медиуми.
Околу 13 часот дошло до конфликт меѓу две групи мигранти. Полицијата се сомнева дека се Авганистанци. За време на конфликтот било употребено огнено оружје, а полицијата е на терен.
Вознемирените граѓани пишуваат на социјалните мрежи и ги известуваат своите сограѓани да внимаваат и да не излегуваат од домовите.
Престрелката се случила во Маково Шума, место каде претходно се судриле мигрантски групи.
View this post on Instagram