(ВИДЕО) Пукање во САД: Дваесетина убиени, над 50 ранети

by Fokus

Десетици луѓе загинаа, а повеќе се ранети во престрелка во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн.

Полициската управа во Левистон објави дека осомничениот за нападот е Роберт Кард (40), велејќи дека тој треба „да се смета за вооружен и опасен и дека е во тек голема потера по него“, пренесува Ројтерс.

Агенциите објавија дека бројот на загинати се движи од 16 до 22, а најмалку 60 се ранети.

Полицијата објави фотографии

Полицијата објави три фотографии на Фејсбук, барајќи помош од јавноста за идентификување и лоцирање на напаѓачот, пренесува Хина.

На две фотографии е прикажан осомничениот, маж со брада во кафена јакна со качулка и фармерки, како држи полуавтоматска пушка, а на третата е прикажан бел џип.

Има активен напаѓач во Левистон. Ги молиме граѓаните да останат во своите куќи со заклучени врати. Полицијата во моментов истражува на повеќе локации“, објави полицијата.

 

Поврзани новости