(ВИДЕО) Пукање пред зградата на израелскиот конзулат во Истанбул – има загинати

by irena 12:12
12:12

Пред зградата во која се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул се слушна пукање.

На местото на настанот испратени се бројни полициски екипи.

Засега нема информации кој пукал.

Полицијата објави дека три лица се „неутрализирани“, двајца осомничени се убиени, а двајца полицајци се повредени.

Израелското Министерство за надворешни работи ги истражува извештаите, изјави израелски функционер за „Тајмс оф Израел“.

Слични вести