Пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плах во Прага, во кое има и мртви.
Според информациите, неколку лица се ранети, а напаѓачот е убиен.
Целата зграда е евакуирана, а има десетици ранети, соопшти полицијата во последната објава на платформата X. Не се знае колку жртви има, пренесува Ројтерс.
Vyzýváme občany, aby se v blízkém okolí nezdržovali a nevycházeli z domu. Zásah policie stále pokračuje. pic.twitter.com/OHnSsq4G5f
— Policie ČR (@PolicieCZ) December 21, 2023
Според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот, додека на другите слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата, пишува чешкиот iDNES.cz.
„Ги повикуваме граѓаните да не се задржуваат во непосредна близина и да не излегуваат од дома. Полициската интервенција се уште е во тек“, додаваат полициските службеници.
На местото на злосторството излезе и чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.