(Видео) Пукање на аеродром во Филаделфија, убиен полицаец

by Fokus

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во пукање на меѓународниот аеродром во Филаделфија. Според информациите од американските медиуми, инцидентот се случил за време на конфронтација со група мажи кои се обиделе да украдат автомобил во гаражата.

Локалната полиција соопшти дека двајца полицајци пристигнале на работа кога виделе неколку мажи во гаражата кои се обиделе да упаднат во возило, пренесува АП.

Кога им се приближиле, осомничените пукале кон полицајците, при што едниот го погодиле неколку пати во горниот дел од телото, а другиот во раката.

Името на убиениот полицаец не се соопштува, но било пријавено дека има 50 години и дека работел 22 години во полицијата. Другиот службеник е во стабилна состојба.

Поврзани новости