Американскиот кошаркар Брони Џејмс беше избран како 55. пик на НБА драфтот од Лос Анџелес Лејкерс.
Ова е сценариото што НБА го посакуваше, за да ги спојат таткото и синот во еден тим. Се разбира, не било кој татко и син.
Како што е познато, Леброн Џејмс е таткото на Брони, кој ќе влезе во историјата на спортот.
Татко и син за првпат ќе играат заедно во НБА лигата, во ист тим.
Минатата сезона Брони играше на Универзитетот во Јужна Калифорнија каде забележа просек од 4,8 поени и 2,8 скока во 25 натпревари.
Многумина веруваат дека тој нема квалитет за најсилната лига во светот, но времето ќе покаже.
Bronny James is selected 55th overall by the @Lakers in the 2024 #NBADraft presented by State Farm!
Watch the Second Round on ESPN. pic.twitter.com/BnxozT7CGj
— NBA (@NBA) June 27, 2024