Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри.
На социјалните мрежи се појавија видеа од моментот кога земјотресот ја погоди Турција.
#deprem #earthquake #turkey #malatya pic.twitter.com/6IRbmvWPUp
— Rita khoury (@ritakhoury10) October 16, 2024
На едно видео се гледа човек кој седи на маса, додека одеднаш сè околу него почнува да се тресе. Кога виде што се случува, човекот веднаш стана и избега од собата.
Elazığ’da yaşanan 5.9 büyüklüğündeki #deprem anı: pic.twitter.com/V1AsKuzElm
— Ekol TV (@ekoltvv) October 16, 2024
Засега нема информации за повредени или материјална штета.