(ВИДЕО) Први снимки од бомбардираната Одеса

by fokus

Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.

 

Реакција доаѓа по извештаите за руски ракетен напад врз пристанишниот град Одеса.

Антон Херашченко, помошник на министерот за внатрешни работи, рече дека неколку проектили погодиле станбени блокови и еден маж загинал кога му се запалил автомобилот.

Поврзани новости