Украинските трупи употребија ракети HIMARS, кои ги добија од САД, за уништување на напреден систем за воздушна одбрана на територијата на Русија.
Како што пренесува „Дејли Телеграф“, според извештаите, погоден е системот за противвоздушна одбрана во рускиот град Белгород, кој бил опремен со ракети земја-воздух С-300 или С-400.
Британскиот весник наведува дека Кремљ го предупредил Вашингтон дека САД ќе доживеат „фатални последици“ поради поддршката на Киев во извршувањето на напади преку украинско-руската граница.
Досега, САД му дозволуваа на Киев да напаѓа цели во Русија само доколку тие претставуваат непосредна закана за украинските сили.
Reportedly, a Russian S-300/400 (?) system component destroyed by Ukraine in Russia’s Belgorod Oblast.
Gone are the two years of the “Ukraine can’t defend itself because WWIII” absurdity.
That avalanche of shameless lies from Kremlin appeasers and brainless surrender cultists… pic.twitter.com/K22hUHwD3N
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) June 3, 2024
Не е јасно дали нападот врз Белгород ги прекршува ограничувањата за вооружување наметнати од САД, но Володимир Зеленски, претседателот на Украина, побара дозвола да користи американска муниција за напади со долг дострел.
Прекуграничните напади драстично се зголемија во последните недели откако руските сили започнаа обновена копнена офанзива во североисточна Украина.
Украина одговори со свои напади. Меѓу најновите беше напад со беспилотно летало што уништи конвој од 15 руски камиони, според снимките направени од бригадите вклучени во нападот.