Граѓаните повторно се собраа пред просториите на општина Тирана барајќи оставка од градоначалникот Ерион Велиај. Ситуацијата стана тензична по говорот на претставници и активисти на опозицијата. Протестот беше одбележан со фрлање факели и молотови коктели.
Ова е уште еден во низата протести против градоначалникот Велиај. Граѓаните се незадоволни од неговата работа и бараат негова оставка.
The opposition in #Albania is protesting for the second month in front of the Municipality of #Tirana. They demand the resignation of the Mayor #ErionVeliaj as they accuse him of corruption on at least 3 occasions. pic.twitter.com/cNQmqwX0IB
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) May 28, 2024
Демонстрантите фрлаа молотови коктели во правец на влезот на градското собрание на Тирана, додека десетици полицајци стоеја пред нив.
За среќа, молотовите коктели не ги погодија полицајците, туку експлодираа на влезните скали на Градското собрание.
Протестите продолжуваат, а властите се уште не одговориле на барањата на демонстрантите.